Синоќа во скопскиот хотел „Хилтон“ СДСМ, коалициските партнери и други партии што даваат поддршка за заеднички претседателски кандидат ја одржаа средбата, пред која премиерот Зоран Заев најави дека Стево Пендаровски ќе биде предложен за заеднички консензуален кандидат. Уште по завршување на координацијата во партиското седиште одржана попладнево тој рече дека Пендаровски е надпартиски кандидат, кој ќе биде предложен на коалициските партнери и очекува тој да биде поддржан.
“Веруваме дека ќе докажеме дека избравме исклучително квалитетен кандидат во Стево Пендаровски пред се , човек кој ги обединува сите етнички заедници , кој верува во оваа политика , политика на едно општество за сите . Верувам дека тој ќе ја спроведува исклучително добро функцијата претседател на Република Северна Македонија“, изјави премиерот Заев.