Зоран Заев ги направи струмичани граѓани од втор ред, истакнаа на денешната прес-конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица. Според нив, Заев наместо да ги чисти од снег улиците во Струмица, ја пратил механизацијата во Арачиново.
– Неговата грижа за Струмица кулминираше со тоа што додека Струмица и струмичките села се затрупани со снег и неисчистен смет со месеци, тој нашата механизација ја однесе во Арачиново, за да им удоволи на арачиновци, рече Даниела Стоилова Кечева од ВМРО-ДПМНЕ.
Според неа, Струмица е во хаос од неисчистениот снег на улиците и од лизгавите тротоари.
– Тој не се грижи за фактот дека брзата помош не може да стаса до отсечените села во Струмица, а тоа може да чини нечиј живот, додаде Стоилова Кечева.– Неговата грижа за Струмица кулминираше со тоа што додека Струмица и струмичките села се затрупани со снег и неисчистен смет со месеци, тој