Заев го деконспирираше Мицкоски дека заедно го договарале следењето на граѓаните

Вечерашниот дуел на Заев и Мицкоски е приказна сам по себе. Она што требаше да бидат лути противници се чини дека се луѓе кои имаат многу допирни точки и заеднички ставови. Притоа, извинете не помага користењето на фудбалски жаргон за да се манифестира интелектуализам. Како и да е, за Законот за кој малкумина говореа и знаат, за следењето на комуникациите и дата податоците на граѓаните, произлезе дека бил донесен со знаење на Мицкоски и негов амин. Опозицијата наместо на ова да се спротивстави и да звони на сите ѕвона, тајно се договарала за истиот. Тоа е, да ве потсетиме оној период од два три месеци кога тајно се преговараше за враќање во Парламентот и гласањето на „доверба“ на Владата на Заев беше само искористено како контекст…

Се на се блед дуел. Без јасна визија, без јасен правец. Со многу намигнувања и упикувања. Но да ја искористиме оваа прилика да прашаме со кое право се договарате зад грбот на граѓаните? Што ви е ветено?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.