Австрискиот канцелар, Себастијан Курц во понеделник во Виена на работен ручек ги повика премиерите од земјите од Западен Балкан. На состанокот ќе присуствува и комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан. Според најавите на состанокот ќе стане збор за економската перспектива на Западен Балкан, регионалната соработка и билатералните конфликти.
Од кабинетот на канцеларот Курц за “Танјуг“ најавиле дека на ручекот ќе допатуваат шефицата на српската влада, Ана Брнабиќ, премиерот на Албанија, Еди Рама, премиерот на Црна Гора, Душко Марковиќ, претседавачот со Советот на министрите во БиХ, Денис Звиздиќ и шефот на косовската Влада, Рамуш Харадинај.
Како што пишува “Танјуг“ премиерот на Р.Македонија, Зоран Заев, кој претходно бил најавен го откажал ручекот заради внатрешнополитички прашања.
Пронајдете не на следниве мрежи: