Заев: Груевски ќе биде директор на Агенција за иселеништво
Поранешниот премиер, а сегашен бегалец, Никола Груевски, ќе биде директор на Агенција за иселеништво на Република Северна Македонија.
Оваа информација доаѓа по предлогот на премиерот Зоран Заев, пратениците од поранешниот парламентарен состав да добијат работа во некоја од државните институции. Премиерот Заев истакна дека Груевски, поради своето долгогодишно искуство како пратеник, министер и премиер, но и како иселеник во Унгарија, ќе биде одличен директор на Агенцијата за иселеништво.
Од друга страна, премиерот Заев е свесен дека неговиот претходник во моментов нема никакви примања, а животот во Унгарија воопшто не е евтин, па затоа директорската плата му е повеќе од потребна за да врзе крај со крај. Груевски ќе работи онлајн, од својот дом во Будимпешта, а своето долгогодишно искуство, наместо во пишување на статуси на Фејсбук ќе го пренасочи во унапредување на Агенцијата за иселеништво.
*****
ТЕКСТОТ Е КОЗЕРИЈА, И Е НАМЕНЕТ ЗА ЗАБАВА!!
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.