Денеска на свечената церемонија беше поставено знамето на НАТО пред Владата.
На церемонијата присуствуваа претставници од Владата, од Собранието, од Армијата како и поранешни политичари.
Премиерот Зоран Заев се обрати пред присутните на свеченоста и даде осврт на досега сработеното за да се постигнат стратешките определби, НАТО, а во видливо време и ЕУ.
– Да живее европска Република Северна Македонија, да живее НАТО, го заврши своето обраќање премиерот Заев.