Поранешниот премиер Никола Груевски веќе доби политички азил во Унгарија, се знае низ кои земји поминал за да стигне таму, но неговиот пат останува официјално непознат. Премиерот Зоран Заев вели дека е целосно информиран во врска со истрагата за бегството на експремиерот во Унгарија и дека ги знае сите детали околу тоа кој и на кој начин му помогнал на Груевски да ја напушти Македонија.
-И јас и министерот на полицијата Оливер Спасовски гориме од желба да ги кажеме деталите од истрагата-рече Заев, нагласувајќи дека законот во земјава налага кога е на сила налог за апсење, истрагата треба да се заврши и дури потоа да се соопштат резултатите.
Пронајдете не на следниве мрежи: