Заев изразува подготвеност за промена на Уставот за решавање на спорот за името

Во интервју за Радио Слободна Европа премиерот Зоран Заев говорејќи за можноста за решение за името ја споменува и можноста за промена на Уставот на државата, врзувајќи ја таа промена во подоцнежна фаза при влез во ЕУ, кога и ќе се одржи референдум, кој инаку е облигаторен при влез на секоја земја членка на организацијата. Заев остава можност да се водат преговори со ЕУ паралелно со разговорите со Грција.
Македонскиот премиер Зоран Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа (РСЕ) најави промена на Уставот и референдум за името со влезот на Македонија во ЕУ. Ваквите ставови на Заев се целосно спротивни со неговите претходни тврдења дека промена на Уставот не е потребен, а секое евентуално решение ќе биде ставено на референдум за граѓаните да се изјаснат.

-Можеби конечното решение ќе биде врзано со гласањето на Македонија, како граѓани, со давањето на нашиот суверенитет на ЕУ, во која сакаме да бидеме членка и тогаш се отвара и Уставот, можеби и тука е решението, поради тоа што знаете дека Грција бара и промена на Уставот, заради промената на уставното име. Јас сум убеден дека креативноста ќе ги изнајде овие решенија, рече Заев во интервјуто за РСЕ.

Наспроти ова, Заев многу пати досега во јавноста тврдеше дека промената на Уставот не е неопходна, односно во спорот со Грција нема потреба од менување на Уставот.

-Не гледам потреба за промена на Уставот, изјави Заев во февруари годинава, одговорајќи на новинарско прашање дали во процесот на решавање на прашањето за името се разговара и за евентуални уставни измени.

– Барањето за промената на Уставот во разговорите за името се грчки став, но ние имаме наш. Македонија го промени својот Устав во 1993 година да го допрецизира членот 49 вградувајќи го амандманот 2. Ние направивме голем чекор за да го отстраниме иредентизмот, рече Заев.

Ваквиот став, кој денеска Заев самиот си го демантираше го повтори и во интервјуто за за германски Дер Шпигел, каде рече дека одржливо решение за спорот со името е можно само преку меѓународен договор

-Име со географска одредница без дебати за идентитетот и промена на уставот, изјави Заев.

Македонскиот премиер Зоран Заев во интервјуто за Радио Слободна Европа (РСЕ) најави промена на Уставот и референдум за името со влезот на Македонија во ЕУ. Ваквите ставови на Заев се целосно спротивни со неговите претходни тврдења дека промена на Уставот не е потребен, а секое евентуално решение ќе биде ставено на референдум за граѓаните да се изјаснат.

За разлика од претходните тврдења на Заев дека евентуалното решение за името ќе биде ставено на референдум и за тоа ќе одлучат македонските граѓани, Заев сега ретерира и ја отвора можноста референдумот да не биде спроведен веднаш, туку со евентуалниот влез на Македонија во ЕУ, со што навестува дека сега нема да има референдум при евентуален договор со Грција.

-Ние и разговараме кога би се спровел референдум, дали би значело конечност на ова решение во одреден период, а не веднаш, можеби веднаш, па така е најдобро, сето тоа е дел од модалитетите за кои се разговара, така што рамката е многу важна, временската рамка за носењето на одлуките, но таа поприлично зависи и од изнаоѓањето на решението за проблемот со името, кој Грција го има со нас, вели Заев во интервјуто за РСЕ.

Заев остава можност да се водат преговори со ЕУ паралелно со разговорите со Грција. Отворањето на можност за промена на Уставот е спротивно на претходното тврдење на Заев дека тој нема да се менува. Воедно се добива и впечаток дека се сака да се изигра можноста за референдум за името.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.