Заев и Брнабиќ на Tабановце: Се отвора можност за интеграција на регионот

На ГП Табановце – Прешево од денеска се поминува со едно чекање на заедничката испостава што ја воспоставија граничните служби од Северна Македонија и од Србија со проектот за интегрирано гранично управување One stop shop на овој премин.
Премиерите на двете држави Зоран Заев и Ана Брнабиќ на свеченоста на меѓуграничниот простор порачаа дека двете држави со новината го забрзуваат протокот на патници и стока, времето на чекање се намалува двојно, а се отвора и можност за подобра соработка на бизнис заедницата и интеграција на регионот.
– Исполнуваме уште обврска од проектот за интеграција на Северна Македонија и на Србија на регионално и на европско ново – заедничкиот граничен премин Табановце – Прешево кој предвидува заеднико управување на граничните и царинските контроли со едно застанување. Овој проект значително придонесува кон развивање на регионалната економска соработка на Западен Балкан дефиниранана Самитот во Трст од јули 2017 година, и што е особено значајно претставува уште една круна на пријателството и добрососедството помеѓу двете држави, рече премиерот Заев.
Според Брнабиќ, двете држави први воспоставија заедничко гранично упрваување во овој дел на Европа Новиот едношалтерски заеднички граничен премин на границата меѓу Србија и Македонија, како што нагласи Брнабиќ, ќе овозможи побрз проток на товарните возила и претставува сигнал којшто треба да ја охрабри регионалната трговија и трговската размена.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.