Заев и Вучиќ на отворање на јужниот крак на Коридорот 10

Денес премиерот Зоран Заев заедно со српскиот претседател Александар Вучиќ ќе присуствува на свеченото отворање на јужниот крак на Коридорот 10 на делницата низ Грделичката клисура во Србија. Коридорот 10 е еден од најважните пан-европски транспортни коридори што поминуваат низ Србија и ги поврзува Австрија, Унгарија, Словенија, Хрватска, Србија, Бугарија, Северна Македонија и Грција.
Коридорот 10 за сообраќај ќе го отвори српскиот претседател Вучиќ, а на свечената церемонија, како што соопштија од неговиот Кабинет, ќе присуствуваат и премиерката Ана Брнабиќ и министерката за градежништво, сообраќај и инфраструктира Зорана Михајловиќ.
Според протоколот во попладневните часови српската делегација со претседателот Вучиќ ќе направи обиколка на новиот автопатат на делницата низ Грделичка клисура, на делот на Косината 2, клучката Предејане, Момин камен и кај тунелот Манајле.
Свеченото отворање на јужниот крак на Коридорот 10 и обраќањето на претседателот Вучиќ и премиерот Заев е предвидено на платото под мостот Врла на делницата од автопатот кај Грделичка клисура.
Вечер во 20 часот премиерот Заев ќе се обрати на свечената церемонија по повод отворањето за сообраќај на автопатот на Коридотор 10 во Грделичка клисура, кај Владичин Хан, а ќе биде придружуван од министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, најавија од кабинетот на премиерот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.