Заев и Мицковски се негативни на тест за КОРОНА ВИРУС, јавноста реагираше на брзината со која беа тестирани

Заев и Мицковски се негативни на тест за КОРОНА ВИРУС, јавноста реагираше на брзината со која беа тестирани!

Филипче денеска информираше дека тестот за коронавирус на претседателот на СДСМ, Зоран Заев е негативен. Заев е во самоизолација, како и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски откако се обелодени дека позитивен на вирусот е новинарот на телевизија Канал 5, Гоце Михајловски кој ги интервјуираше двајцата лидери.

Бидејќи двајцата се негативни, министерот за здравство Венко Филипче, порача дека сите оние кои имале контакти со двајцата лидери не треба да се тестираат.

Филипче се правдаше за брзината на реакцијата со која беа тестирани Заев и Мицковски

Во однос на реакциите во јавноста во врска со тестирањето на лидерите на двете најголеми политичкки партии во државава, министерот рече дека тоа не е политички приоритет туку дека тоа меѓу другото е направено и за заштита на многу други кои секојдневно се во контакт со нив.

-Тие се експонирани во јавноста, имаат интензивни контакти со многу луѓе, со претставници на инститициите со министри во владата и сакам јасно да кажам дека тука не станува за политички приоритиети туку за заштита на државните интереси и зачувување на функционаланоста на институциите, посебно во моменти на криза. Тоа се луѓе коишто имаат интензивни конткати со претставници на медиумите коишто се еден од нашите најсериозни и најголеми партнери во оваа битка против коронавирусот и во таа смисла една од целите беше да се заштитат и претставниците на медиумите и вработените каде што двајцата лидери често настапуваат, гостуваат и даваат интервјуа, појасни Филипче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.