На својот Фејсбук профил премиерот Зоран Заев објави фотографија од него и Федерика Могерини во авион, а наскоро се очекува и нивното слетување во Скопје.
По обраќањето кое го имаше во Европскиот парламент во Стразбур Заев и високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини се качија во ист авион и тргнаа за Скопје.
Нашата пријателка, како што изјавува тој, доаѓа во Македонија за уште еднаш да им даде поддршка на сите наши граѓани на заедничкиот пат кон европското семејство и нејзината европска иднина.