Заев и Филипче на гости кај Николовски во Крива Паланка

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев и ексминистерот за здравство Венко Филипче го посетија министерот за земјоделство Љупчо Николовски.

„Зоран Заев и Венко Филипче благодарам за се што направивте за мојата и наша Крива Паланка. Чест ни беше што бевте наши гости“, напиша Николовски на Фејсбук.

Инаку, Николовски му беше шеф на кабинет на Заев уште кога ја водеше СДСМ во опозиција, а по политичките промени стана министер за земјоделство и вицепремиер за антикорупција.

Пронајдете не на следниве мрежи: