Заев: Ми се обратиле бизнисмени кои биле уценувани, го пријавив тоа

На денешната прес-конференција премиерот Заев одговарајќи на прашање за истрагата која пред два дена ја отвори Јавното обвинителство за изнуда и рекет врз познат бизнисмен изјави дека бизнисмени кои не се од Скопје се јавиле кај него да го известат и дека тој го пријавил тоа во полиција.
-Ми се обратиле бизнисмени кои не се од Скопје до мене за оваа работа дека биле уценувани. Се знае како постапува секој граѓанин така и премиерот, го пријавил тоа, доволно кажав, премиерот тоа го пријавил – рече Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.