Заев најави помош за Хрватска од 6 милиони денари

Во знак на солидарност по силниот земјотрес кој зема и човечки жртви, македонската Влада ќе помогне на Хрватска со 6 милиони денари.
Ваквата одлука беше донесена на денешната владина седница, за која информираше премиерот Заев.
Солидарноста е првиот порив во овие моменти и ќе пружиме помош согласно потребите. До премиерот Андреј Пленковиќ и до сите хрватски граѓани погодени од земјотресот упатувам силна поддршка. Во име на сите граѓани на Северна Македонија изразувам и сочувство за жртвите.
Во лошите вести од Хрватска за загинатите и повредените, не е евидентирано дека има македонски државјани..
Инаку, сочувство до семејствата и поддршка до државниот врв на Хрватска, испрати и претседателот Стево Пендаровски, а најава за помош за оваа земја пристигна и од Претседателот на Србија, Александар Вучиќ кој изрази жалење за трагичните настани.
,,Се надевам дека помина со минимум жртви, посакувам Хрватска брзо да закрепне, ако можеме нешто да помогнеме како Србија, ние ќе го направиме тоа. Навистина им посакувам се најдобро, сакам да им дадам секаков вид техничка и финансиска поддршка.
ЕУ внимателно ја следи ситуацијата во Загреб по разорниот земјотрес – напиша Претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел на твитер кој истакна дека Унијата нуди целосна помош на граѓаните и властите на Хрватска.
Како хуман гест од првите луѓе кои подадоа рака на најпогодените е понудата од хрватскиот репрезентативец Дејан Ловрен. Тој го понуди неговиот хотел во Новаља за 16 најзагрозени семејства за привремено сместување, со предност на оние кои имаат деца.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.