Заев на викенд на Халкидики

Македонскиот премиер Зоран Заев го поминува викендот на Халкидики, објави радиото „Тесалоники“.
Заев на викенд одмор таму е отиден со сопругата, во придружба на еден од вицепремиерите кој исто така е со сопругата.


Според грчкото радио, Заев ќе преноќи во еден од камповите на првиот крак на полуостровот, Касандра, и утре се враќа во Македонија. Престојот на Заев во Грција е исклучиво приватен и не се предвидени никакви средби со грчки политичари или функционери.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.