Заев на Фејсбук: Почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата

По повод Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата на Фејсбук се огласи премиерот Заев.
– Денеска е Меѓународниот ден против хомофобијата, трансфобијата и бифобијата. Убав ден и повод за да им оддадеме почит на сите што ги бранат и промовираат правата на припадниците на ЛГБТИ заедницата. Убав ден и да порачаме дека во борбата за еднакви можности, без оглед на сексуалната ориентација или родовиот идентитет, секој може да го даде својот придонес. Солидарноста и промоција на правата за сите луѓе што припаѓаат на обесправените групи или во ранливи ситуации, станува одлика на нашиот концепт „Едно општество за сите“, напиша Заев на Фејсбук.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.