Заев немал средба со Орбан во Загреб

Одговорарајќи на новинарско прашањеп премиерот, Зоран Заев за време на Самитот на ЦЕИ во Загреб,  рече дека немал средба со унгарскиот премиер Виктор Орбан. Тој вчера присуствувал на вечерата што ја организираше хрватскиот премиер Пленковиќ со присутните шефови на делегациите на Самитот, а денеска си заминал од Самитот.
-Во следна прилика ќе го искажеме очекувањето за одговор на барањето екстрадиција за Никола Груевски, бидејќи тој според меѓународните конвенции и законите мора да ја отслужи својата казна во Република Македонија, рече Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.