Премиерот Зоран Заев, одговарајќи на новинарски прашања на конференцијата посветена на слободата на медиумите во регионот, порача дека нема докази за руско влијание во Македонија.– Немам докази за руско влијание овде. Руската Федерација е пријател на Република Македонија и нема ништо против интеграцијата на Македонија во ЕУ, но отворено е против НАТО, рече Заев.
Тој потсети дека нема алтернатива за Македонија освен ЕУ и НАТО, и дека Македонија „сака пријателство со сите земји“.Секретарот за одбрана Џејмс Матис со дијаметрално спротивно мислење изјавил дека нема сомнение дека Москва финансира проруски групи во Македонија со цел неуспех на референдумот за името на земјата.
– Тие префрлија пари, а исто така, спроведуваат кампањи за пошироко влијание, рече Матис, кој утрово допатува во Македонија, објави „Вашингтон пост“..
Претходно и Њујорк Тајмс во текст објавен синоќа, цитира изјава на портпаролот на Пентагон, во која тој вели дека целта на посетата на Матис на Скопје е да ги повика Македонците да гласаат на референдумот, додавајќи дека „Русија се обидува да ја убеди Македонија дека ќе биде напуштена од Запад, дека Русија има стабилно влијание на Балканот. Но тоа не е точно“, велат од Пентагон.