Заев: Нема амнестија за насилниците од 27 април – коментар

Колумна на Нонковиќ преземена од Дудинка.

СПИЕШ ЛИ МИРНО, НИКОЛА ГРУЕВСКИ?

“Премиерот Зоран Заев и претседателот на Парламентот Талат Џафери денеска отфрлија можност за закон за амнестија за лицата инволвирани во насилствата во Собранието на Република Македонија на 27 април, лани, за кои се водат судски постапки.


Талат Џафери вели дека нема место за размислување за таква опција (амнестија) затоа што, како што кажа, милион граѓани за најситна повреда на правилата и на законите се соочуваат со процес на правда и правдина низ системот онака како што е предвидено.”

Груевски лично го организира гласањето за амнестија??

Спиеш ли мирно, Никола Груевски?

Да, спиеш ли мирно што ти (а слушнавме од т.н. “бомби” и како:

организираше и изгласа амнестија за воените злосторства во 2001 г. на ѕверовите од УЧК/ДУИ за горењето живи и касапењето на македонските војници и полицајци кај Вејце, Карпалак и Љуботенски бачила (https://mk.m.wikipedia.org/wiki/Масакр_кај_Вејце), за врзувањето за столб и разнесувањето со динамит на двајцата чувари во х. “Бриони” во Челопек (http://zase.mk/vrzani-na-stolb-i-razneseni-ubijtsite-se-us…/), за резбарењето со ножеви на грбовите на т.н. “мавровски работници” (https://vecer.mk/…/za-sluchajot-mavrovski-rabotnici-17-obvi…), случајот “Липковска брана” (цело Куманово беше без вода еден месец) и другите злосторства од 2001 г. на овие што сега не сакаат ниту да помислат да се даде амнестија на Македонците што се обидоа да спречат киднапирање на државата Македонија, кое еве трае до денес!

Поради “визионерството” на Груевски во 2011 година и изгласувањето на амнестија на крволоци што на мртво се изживуваа врз македонски бранители и цивили, сега тие ѕверови ќе уживаат во државни привилегии, а македонски (Уставо)-бранители ќе гнијат во зандани (поради обвиненија за убиство и тероризам), најверојатно и по 10-15 години!

Веќе не е ни важно дали удбашо-балистите од власта ќе те стават во затвор и тебе за товарените обвиненија од СЈО кое ти го изгласа во Собрание, туку само заради овој случај, се прашувам дали заспиваш и воопшто спиеш мирно, Никола Груевски?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.