Заев: Новиот клинички центар е почнат од ВМРО-ДПМНЕ, еве јас предлагам заедно да го завршиме

На денешната седница на Собранието наменета за пратенички прашања пратеничката Лилјана Затуровска праша кога ќе биде изградбата на новиот клинички центар, а одговори премиерот Зоран Заев.
-Клиничкиот центар е од важно значење за сите граѓани на земјава. Знаете дека локацијата е веќе најдена и јас верувам дека истиот ќе почне со изградба до крајот на годинава. Новиот клинички центар е почнат од ВМРО-ДПМНЕ, еве јас предлагам заедно да го завршиме. Секоја помош ќе биде добродојдена, затоа што навистина станува збор за капитален проект во интерес на сите граѓани, рече Заев.
На тоа Затуровска истакна дека не е задоволна од одговорот на премиерот, иако го поздрави залагањето да биде изграден, истакнувајќи дека тоа ќе биде подоцна од предвиденото и дека ќе чини повеќе од првично најавеното.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.