Принцот на Црна Гора-Стефан Чернетиќ, кој патем кажано самиот тврди дека е тоа“ го одликуваше премиерот на Р.Македонија, Зоран Заев во просториите на Владата.
На својот официјален профил на Фејсбук Стефан Чернетиќ, кој тврди дека е принц од Црна Гора, Македонија и Србија, објави фотографии од одликувањето на нашиот премиер Заев.
Освен што Чернетиќ тврди дека се сретнал со македонскиот премиер (а и на фотографиите се гледа) нема никакви информации за што и со што го одликувал.
Италијанската полиција има издадено потерница по Стефан Чернетиќ за лажно претставување како принц на Црна Гора и Македонија, а истото го правел за да се стекне со финансиска корист. Помеѓу одликуваните до сега се бројни јавни личности меѓу кои и Памела Андерсон.