Заев: Одредени слабости на власта наштетија

– Ако водевме 11,9, сега водиме 5,9. А ВМРО-ДПМНЕ е фиксирано. Одредени слабости на власта наштетија. Ние сме паднати 6 насто, ако се тешиме Ципрас падна 11 насто, изјави синоќа премиерот Зоран Заев во гостувањето во “Само вистина“ на ТВ “Канал 5“.
Според последните анкети рејтингот на власта паднал за 6 проценти, а за тоа придонеле храбрите одлуки како уставните промени и Законот за јазици, но и одредени слабости, како непотизмот и тоа прави штета на владејачката гарнитура, изјави премиерот.
– Јас сум искрен човек и тоа тешко се надоместува. Но, ако не ги повторуваме грешките мислам ќе успееме. Пораката е примена и сега на нас е тоа да го поправиме, додаде Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.