Заев: “ОК“ избори на крајот на октомври, реално декември е навистина зима

Во пресрет на вечерашната лидерска средба премиерот Зоран Заев рече дека преферира Владата да го заокружи целиот мандат, но исто така додаде дека и го понудил на опозицијата октомври следната година за термин за предвремени парламентарни избори.
-Јас немам дилеми за секое прашање да разговараме. Нормално, нашите ставови се се што е интерес на државата. Мислиме дека е ова навистина неповторливо позитивно време за нашата земја во кое очекуваме датум за почеток на преговорите, полноправно членство во НАТО. Треба да дадеме шанса и на правната држава и на економијата пред се и над се, и затоа реков дека треба да тераме до крај на мандатот. Тие побараа предвремени избори, мојот коментар беше “ОК“ нека бидат крајот на октомври 2020 година, оти реално декември е навистина зима – рече премиерот Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.