Заев претставен како премиер на Република Северна Македонија

Во интервју за бриселскиот портал „Еуроактив“, новинарот го нарече Заев премиер на Република Северна Македонија, новото име кое е договорено како спогодба меѓу Атина и Скопје.
Запрашан дали компромисот е добар, со оглед на фактот дека пристапните преговори се закажани за наредната година, премирот одговори: „Црна Гора ги започна преговорите по седум ипол месеци по одлуката на Европската комисија, Србија по девет и пол, а ние по 12 месеци.“


Заев истакнал дека во меѓувреме неопходно е да помине референдумот во земјата за да може да се направат неоподните припреми за 2019 година.
Во однос на ставовите на опозициската ВМРО ДПМНЕ, тој кажа: „Постои контрадикција, но ако сме за ЕУ и НАТО, мора да бидете спремни за компромис.“

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.