Заев: Радувај се Северна Македонијо, и без дополнителни барања и мрчења

На денешната прес-конференција премиерот Заев уште еднаш порача дека Македонија има добар заклучок за почеток на преговори за ЕУ и дека тој нема да биде подоцна од октомври.
– Значи таму е кажано во октомври. Важно беше да имаме ваков заклучок кој е сериозна гаранција за сите нас. Целосно имаме безусловена порака, по завршување на реформите, начинот на работење на нашата земја. Треба да го искористиме овој период. Да не си играме играчки. Не постои земја против и граѓаните треба да се радуваат на вакви теми, рече премиерот.
Заев, исто така, додаде дека ова е заеднички успех на целата држава и нема потреба од дополнителни барања.
– Дајте заедно да се израдуваме на овој заеднички успех. Зошто постојано да бараме нешто, да мрчиме. Многу работиме изминатиот период и имаме Антикорупциска комисија која работи конечно, рече Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.