Заев сака избори, Мицковски не сака

Заев сака избори, Мицковски не сака!!

Ова е најратко информацијата од денешната „лидерска“ средба кај Пендаровски. Погоре на сликата можете да видите околу 20 луѓе во една просторија. И не ми беше страв од КОРОНА ВИРУСОТ додека седеа заедно. Јасно се гледа дека некои не се на 2 метри дистанца едни од други. Но тоа е прашање за некој друг текст.

Уште еден безполезен состанок денеска. И тоа триипол часовен. Нема одлука за избори. Мицковски во текот на целиот мандат притискаше за предвремени избори, и барањето го повторуваше во секоја наредна прилика. Ама сега нејќе. КОРОНАТА била проблем и според него до Август ќе се намалела па тогаш можело. Не е јасно од каде го знае ова. Исто така не е јасно како може во исти услови во Србија да се оддржат избори а кај нас не?

КОРОНАВИРУС: 25 новозаразени, 3 починати, 8 оздравени – биланс на 18 мај 2020

Сакаме избори или не?

„Комисијата за заразни болести кажа дека се исполнети сите услови за одржување на изборите. Отворањето на границите, патувањата и враќањето на голем број граѓани во земјава, влез на странски државјани во земјава, почеток на новата учебна година и сезоната на грип, се ризик фактори за враќање на епидемија и зголемување на бројот на пациенти. ОБСЕ/ОДИХР велат дека стојат на располагање да испратат набљудувачи кога ќе одредиме датум“, изјави Заев.

Избори ќе има пред летото, нема бегство од одговорност! Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат да се одолговлекува здравствената и економската криза и да креираат нова, политичка криза. Тоа нема да го дозволиме.

ИТНО: член на обезбедувањето на Пендаровски позитивен на Ковид 19

Имаме одговорност пред граѓаните и државата, на граѓаните им требаат целосно функционални институции со нов мандат да им служат и да се подготват за новиот бран од корона кризата на есен.

Мицковски пак изјави: единствен приоритет, а тоа е заштита на здравјето на граѓаните. Избори на крајот на летото ја намалува опасноста по здравјето на граѓаните.

Пред некое време Мицковски бараше за изборите да се произнесе Комисијата за заразни болести. Тоа таа го стори и потврдено е дека нема пречки за да се одржат безбедни избори.

Мицковски денеска предложил три датуми за избори, и тоа, 23 и 30 август и дури 30 септември. Со тоа изборите би биле речиси редовни.

Наше прашање е ако Мицковски смета дека оваа власт треба да се смени, ако истата е на „стаклени нозе“, ако е според него „криминална“, зошто и дава уште 5 дополнителни месеци владеење? Кој може да гарантира дека во септември нема да има посилен бран од КОРОНА ВИРУСОТ? Ќе одлагаме ли тогаш за идната година?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.