На денешната прес-конференција запрашан за став околу прашањето кое го отвори косовскиот вицепремиер Енвер Хоџај, дека во Македонија, Хрватска, Косово и Црна Гора се разговарало за пакт против Србија, премиерот Зоран Заев одговори дека тој се оградува од било какви разговори, бидејќи тие не постоеле.
-Сакам да се оградам од било какваи разговори, не постоеле, ниту пак некој ги номинарал и само апелирам и до Косово и до Србија да градат пријателство низ дијалог, изјави Заев.
Премиерот Заев додаде дека тие како Влада важат во регионот, во Европа и во светот како градители на добрососедтски односи.
-Никој од нас не побарал вакво нешто ниту пак било разговарано за ова прашање, додаде Заев.