вторник, 24 ноември 2026
Најново

Заев: Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Премиерот Зоран Заев во своето гостување во вестите на ТВ “Сител“ истакна дека министерот за финанси, Драган Тевдовски не си ја вршел лошо работата туку време било тој да одржи економска лекција.
Заев посочи и дека клучно за неговото влегување во финансии било тој да стане министер, а не незадоволството од работата на Тевдовски.
-Клучно е моето влегување, а не работењето на Тевдовски, не е дека сум нeзaдoвoлeн. Јас влегувам во последната фаза само во конечната реализација на програмските определби. Следуваат доста решителни и храбри чекори и јас треба да ги носам тие одлуки. Ќе имаме и поголеми плати и пензии и конечно да се почувствуваат економските политики на нашата програма. Оваа година ја прогласивме за економска година. Октомври е почеток на преговори конечно по 15 години, доаѓаат убави времиња за Македонија, треба максимално се да искористиме и затоа влегувам со својот кредибилитет за да одржиме економска лекција, порача Заев.

Поврзани вести