Заев ја однесе Владата кај Пендаровски

Заев ја однесе Владата кај Пендаровски

На неговиот профил на Фејсбук Заев напиша: Денеска ја имав честа да го претставам новиот состав на извршната власт пред претседателот на државата, кој ми го довери мандатот да ја формирам владата и да ја одбранам Програмата за нејзината работа во мандатот што следува – од 2020 до 2024 година.
За да се реализира Програмата, имаме тим од посветени, одговорни и отчетни кадри кои ќе ги предводат министерствата. Станува збор за компактен тим од поединци со силно и значајно политичко искуство и личности со стручно знаење и експертиза.
Уште еднаш им благодарам на сите граѓани кои со своите гласови ја потврдија исправноста на патот по кој се движиме напред. Сега е време да сработиме и да доработиме. Да продолжиме со силни чекори до подобра иднина за сите.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.