Дали според Заев „Бушавата азбука“ е иредентистичка детска емисија?

Договорот кој го потпиша Заев за преименување на Република Македонија подразбира бришење на сите топоними од македонските учебници, патокази и останати документи. Грчките географски поими ќе мора да ги користиме онака како што ги нарекува јужниот сосед. Откажувањето од топонимите е бришење на дел од културата и историјата на еден народ. Македонија ќе биде единствена која се откажува од своите егзоними.
Зоран Заев го преименува Солун во Тесалоники, Воден во Едеса, Костур во Касториа, Сер во Серес, Кукуш во Килкис, а Кутлеш во Вергина. Со овој договор се брише културното наследство на Македонија што е нераскинлив дел од нашиот идентитет.
Можете ли да замислите поголем скандал и небулоза од ова. Да ви кажеме право не престанува да не вчудовидува кратковидоста и штетното однесување на сегашната власт.

Генерации деца, а сега веќе возрасни кои ја учеа азбуката, јазикот, културата и традицијата преку „Бушава азбука“, сега Заев ќе ги убедува дека биле индоктринирани со иредентистички идеи.
„Бушава азбука“ меѓу другото ги запознаваше децата со дијалектите на македонскиот јазик, меѓу кои се наоѓаат и дијалектите кои ги зборуваат Македонците од Егејска Македонија. Така во Бушава азбука можеше да се види како се изговараат зборови во Ениџе-вардарско, Мегленско, Костур, Воден, Тремно, Црнешево и сите останати места во егејскиот дел.

Според договорот кој го потпишаа Заев и СДСМ, Македонија се откажа од Македонците во егејскиот дел, а со тоа и од нивниот говор и истиот повеќе нема да може да се кажува дека е дел од македонскиот јазик.

Поради тоа што тие говори постоеја во „Бушава азбука“ сега повеќе нема да смее да се прикажуваат на телевизија. Нели е ова повеќе од срамно? Ќе се огласат ли „шарените“ кои на времето и беа дел од екипата што ја снимаше оваа легендарна емисија?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.