Заедничка седница на владите на Косово и Македонија во понеделник: Ќе се потпишуваат неколку договори

Владите на Косово и Македонија во понеделник во Приштина ќе потпишат неколку договори, објави Репортери.
Еден од договорите е Протоколот за заеднички премини, а ќе се потпише и договор во областа на енергетиката за рационално користење на природните ресурси и зајакнување на енергетската безбедност и „како одговор на енергетската криза во регионот“.

Ќе се потпише договор во областа на образованието, кој ќе има за цел соработка во областа на стручното образование, образованието на возрасни, размена на искуства, а сите овие процеси ќе се реализираат преку директни контакти на образовните институции.

Ова го соопшти првиот потпретседател на Владата на Македонија и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити. Последен пат средбата на двете влади се одржа на 16 септември 2021 година, кога премиер на Македонија беше Зоран Заев.

Во Скопје двата владини кабинети потпишаа 11 договори кои се сметаат за важни за соработка во повеќе области.

Косовската влада не објави многу детали за заедничката средба, освен што најави дека настанот ќе се одржи во понеделник.

Пронајдете не на следниве мрежи: