ЗАИГРАА КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ ЗА ЖУРКИТЕ НА ПЛАЖИТЕ – ќе ја „букнат“ ли короната, ќе се знае за неколку дена

По скандалозните забави на кои воопшто не се почитуваа здравствените протоколи, а за што се појавија и видеа на социјалните мрежи, заиграа и кривични пријви. Газдите на три угостителски објекти на охридското крајбрежје заработија кривични пријави поради непочитувањето на одредбите од Протоколот за работа во услови на епидемија, а се работи за два локала на плажите два и три во автокампот Градиште, како и угостителски објект на плажата кај поранешен хотел „Парк“, пренесуваат дел од медиумите. Сите кривични се поднесени поради стореното дело непридржување кон точките 2, 3 и 4 од Протоколот за работа во услови на КОВИД-19, а се однесуваат на неносење маски од посетителите, неодржување пропишана дистанца меѓу масите, столиците, лежалките, како и непридржување кон обврската за дезинфекција на инвентарот.
Според пазарните инспектори, покрај кривичните пријави, биле изречени и пет прекршочни казни за нерегистрирани трговски објекти кои изнајмувале лежалки и реквизити, и уште 12 прекршочни по разни основи.
„На подрачјето на Охрид имаме две кривични пријави по членот 206 од Кривичниот законик конкретно за журки во Градиште, на плажите два и три. Проблемот е голем онаму каде пазарните инспектори немаат надлежност за постапување. Туристите тоа го знаат и затоа, наместо на плажите кои што се во склоп на хотелите, и каде што има протоколи, одат онаму каде што никој не им наметнува правила. На само 20 метри далечина од хотелските плажи, на таканраечените ,,диви” плажи, или плажи каде што нема стопан, надлежност да казнува нема никој. Таму нема игла каде да се фрли. Кога се чекаат редици за туристите да се качат на бродот за крстарење нема никаква дистанца и турканиците се големи“, информирале за ТВ 24 од ДПИ.
Дали ова непочитување на здравствените протоколи кое се случуваше во Охрид во изминатиов викенд ќе доведе до раст на бројот на заразени, според епиемиолозите, ќе се знае по неколку дена.
Ваквото однесување на несовесните газди, но и на младите посетители на плажите, наиде на серија критики во јавноста.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.