Британската влада одлучи од денеска да го намали степенот на заканата од терористички напад, од досегашната „критична“ во „голема“.Според кабинетот на премиерот Тереза Меј, ваквото решение било донесено по консултатциите со безбедносните агенции, откако е проценета сегашната состојба со општата безбедност во земјата.
Квалификацијата „голема“ опасност од можен тероризам, постои веќе подолго време и таа сугерира дека во Британија е многу веројатно дека ќе има некаков терористички напад.
Највисокиот степен на безбедносна закана, беше воспоставен во понеделникот на полноќ, веднаш по терористичкиот напад во Манчестер, во кој бомбаш-самоубиец, роден Британец од либиско потекло, уби 22 лица, главно многу млади, а предизвика повреди на 116 други.
Нападот беше извршен на платото, непосредно до концертната хала во Манчестер, во моментот додека публиката излегувала од концертот на американската пејачка Аријана Гранде.
Степенот „критично“ за безбедносна тревога, беше третот таков сличај во Британија. Со наредба на премиерот Меј, на улиците и по виталните објекти и места каде има многу посетители, беа распоредени и илјада војници, како дополнување на полицијата.
На почетокот од оваа недела, Меј објави „војна на теророт“ а на Самитот Г7 таа побара од сојузниците, заеднички притисок за чистење на интеренет од екстремизмот, омразата и насилството.Според кабинетот на премиерот Тереза Меј, ваквото решение било донесено по консултатциите со безбедносните агенции, откако е проценета сегашната со