Закинтос повторно се тресе, нов земјотрес го погоди популарното летувалиште

Земјотрес со интензитет од 4,4 степени според Рихтерова скала е регистриран утрово во Јонското Море, северозападно од грчкиот остров Закинтос.
Според првичните податоци од Институтот за геодинамика во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал на длабочина од 13 километри под површина на земјата. Нема информации за настрадани или причинета материјална штета.


Според Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар, интензитетот на земјотресот изнесувал 4,9 степени.
Во областа е забележана зголемена сеизмичка активност по земјотресот со интензитет од 6,4 степени, што го потресе островот кон крајот на октомври.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.