За врховен командант на сојузничките сили на НАТО во Европа е назначен американскиот генерал Тод Д. Волтерс. На денешната церемонија во воениот штаб на НАТО во Монс, Белгија Волтерс положи заклетва на функцијата.
На церемонијата генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека функцијата е една од најважните и најпредизвикувачките воени позиции во светот. Волтерс ќе го замени американскиот генерал Куртис Скапароти, кој ќе биде командант на американските сили во Европа.