Законите што не ги потпиша Иванов повторно пред пратениците

Законите, меѓу кои и за заштита од дискриминација, за ОТА и електронски комуникации, кои претседателот Ѓорге Иванов одби да ги потпише и ги врати во Собранието, денес повторно треба да се најдат пред пратениците. Откако повторно ќе бидат изгласани во Собранието се очекува овие закони  да бидат објавени во Службен весник. Претседателот Иванов не ги потпишува законите од 11 јануари, кога во Собранието беа усвоени уставните измени за промена на името на државата во Република Северна Македонија.
СДСМ и ДУИ вчера го обвинија Иванов дека со блокирањето на законите е кочничар на реформите и националните инетереси, и дека и во последните денови од мандатот останува доследен во своето делување спротивно на интересите на граѓаните и државата.
Кабинетот на Иванов одговори дека никој не го спречува Собранието да го повтори, како што се наведува, “веќе направениот преседан и на незаконски начин, без потпис од претседателот на државата во Службен весник да објави укази за прогласување на закони донесени од Парламентот“.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.