недела, 15 ноември 2026
Најново

Законот за минимална плата од 600 евра пред пратениците

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Собранието денеска треба да ја продолжи 85. седница, а на дневен ред се Предлог законот за изменување на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, предложен од пратеници од власта и Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, предложен од опозицијата. И двата закона треба да се носат по скратена постапка.
Со измените на Законот за за постапување со бесправно изградени објекти, доставени од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, се предлага дополнителни пет години за легализација на бесправно изградените објекти, односно продолжување рокот на неговата важност – наместо 15, законот да важи вкупно 20 години – до 3 март 2031 година.
Како што образложи пратеникот Бојан Стојановски на прес-конференција минатата недела, целта е граѓаните да не останат со нерешени статуси за своите домови поради административни препреки или бавни процедури.
Со  Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за минимална плата, пак, поднесен од од пратеничката група на СДСМ и коалцијата, се предлага минималната плата во држававав да изнесува 600 евра.
Како што образложи вчера пратеничката Јована Тренчевска, овој закон е реален одговор на барањата на синдикатите и работниците.
Пред пратениците на денешната седница е и Предлог-резолуција за почитување на стандардите на правична постапка во меѓународното судење против поранешните челници на институциите на Република Косово, поднесена од ДУИ

Поврзани вести