Европските берзи зајакнаа во четвртокот при оскуден промет пред состанокот на групата Г20, бидејќи инвеститорите очекуваат дека финансиските лидери ќе потврдат дека се подготвени и натаму да ги снабдуваат пазарите со ефтина ликвидност за да поттикнат економски раст.
Лондонски FTSE порасна за 0,45 отсто на 6.272 поени, франкфуртски DAX беше во плус за 0,45 отсто на 7.536 поени, додека париски CAC скокна за 0,78 отсто и изнесуваше 3.627 поени. Обемот на тргување беше релативно низок во пресрет на состанокот на групата Г20, за кој аналитичарите тврдат дека би можел да даде поддршка на берзите доколку политичарите потврдат дека се подготвени да продолжат со монетарно поттикнување, кое е главен придвижувач на растот на акциите на берзитеРасположението дополнително го подобри и изјавата на еден од челниците на Европската централна банка (ЕЦБ) за можно дополнително спуштање на клучните каматни стапки во еврозоната.„Состојбите изгледаат многу подобро од претходните четири дена, берзите во Европа се стабилизираа по изјавата од ЕЦБ која ги поттикна надежите за снижување на клучните каматни стапки“, констатираа аналитичарката Анита Палух од Gekko Markets.„Доколку берзите добијат уште некоја дора вест, на пример од состанокот на Г20, сметам дека ќе има раст на цените“, смета Јан Хагард од компанијата NCB Stockbrokers.Меѓу најголемите добитници на берзите се издвои GlaxoSmithKline, кој доби на вредност за 4,2 отсто, откако советодаваната комисија и препорача на Американската агенција за храна и лекови да и одобри на наведената компанија експериментална терапија за лекување на оштетувањата на белите дробови поврзани со пушењето, која ја разработува во соработка во Theravance.Одредени вести од компаниите сепак беа разочарувачки, па финскиот произведувач на мобилни телефони Nokia ослабна за дури 9,6 отсто откако извести за голем пад на приходите. Француската угостителска групација Sodexo и швајцарскиот прехранбен гигант Nestle истотака загубија на вредноста по објавата на деловните резултати.
Makфакс
Европските берзи зајакнаа во четвртокот при оскуден промет пред состанокот на групата Г20, бид