Заменикот на Бојко Борисов поднесе оставка

По скандалот кој изби заради неговата изјава дека активистите за заштита на правата на лицата со посебни потреби се „разврескани жени“, кои ги злоупотребуваат своите болни деца и притисоците на кои беше изложен бугарскиот вицепремиер Валериј Симеонов синоќа поднесе оставка.
– Поднесувам оставка поради континуираната медиумска кампања против мене. Таа кампања им штети на угледот и авторитетот на Владата и стана пречка за нејзината нормална работа, изјави Симеонов на прес-конференција во Софија на која ја најави својата оставка.
Тој нагласи и дека бугарскиот премиер Бојко Борисов не извршил притисок врз него да поднесе оставка, туку дека решил да се повлече затоа што не можел да дозволи да продолжи таквата состојба.
– Не се работи за мене или за партијата на чие чело сим, тука за Владата за која сметам дека е многу успешна, додаде Сименов.
Како што јави БТА, Борисов ја прифатил оставката на својот заменик Симеонов, кој е лидер на националистичка партија Национален фронт за спас на Бугарија (НФСБ) и на коалицијата Обединети патриоти (ОП), а во Владата беше вицепрмиер задолжен за економска и демографска политика.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.