Заменик-министерката за транспорт фотографирана со кеш на маса додека работела во Општина Чаир

Актуелната заменик-мкинистерка за транспорт, Калтрина Зеколи Шаќири, додека работела во Општина Чаир, заедно со колешките се фотографирала со кеш на маса. Очигледно колешките сакале да се пофалат со платата, или со нешто друго, па решиле да направат селфи од нив заедно со парите на маса.

Заменик министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи Шаќири е родена на 09.05.1988 година во Скопје. Докторирала на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде претходно станала и магистер по право. Дипломирала право на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Зборува англиски јазик. Работела како асистент на Тетовскиот универзитет, портпарол во Општина Чаир како и универзитетски професор и в.д декан.

Имотна состојба

Заменик министерката за транспорт и врски, Калтрина Зеколи Шаќири во анкетниот лист забележан на 29.08.2024 пријавила имот во вредност од 293.949 илјади евра.На свое име Зеколи Шаќири пријавила два стана во скопската општина Чаир, од 85 м2 и 59 м2 стекнати со договор за подарок во 2016 и 2020 година. На име на брачен другар пријавила стан во Лаж, Р. Албанија од 54 м2, стекнат со договор за купопродажба во 2021 година. На свое име пријавила автомобил „Киа Спортаж“  и моторцикл на свое име и на име на брачен другар. Потоа пријавила подвижен имот кој не подлежи на регистрација во земјаава од 10 илјади евра, стекнат со наследство како и оружје како единствен законски наследник. По судска одлука пријавила и сопственички удел во фирмата „Неар 2015“ – Скопје, од 2016 година. Пријавила трансакциска сметка на свое име како и долг врз основа на лизинг.  Пријавила и дивиденда, како и пензија за дете со еден родител на име на деца. Како лична сопственост пријавила две фирми, „Неар 2015“  – друштво за трговија и услуги каде е управител и Друштво за трговија, градежништво и услуги „Павиман Компани“ – Скопје каде е сопственик.

Пронајдете не на следниве мрежи: