Поради финансиската криза која го тресе скопски Вардар, оваа сезона беше последна во дресот на „црвено-црните“ за Даниел Аврамовски.
Тој дојде на Градски во зимскиот преоден рок 2019 година од екипата на Олимпија.
Во „црвено-црниот“ дрес одигра вкупно 41 натпревар со постигнати 12 голови.
-Фудбалскиот клуб Вардар на Даниел, кој беше интегрален дел од минатогодишната шампионска титула му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера, соопштија од клубот.
Засега не е познато каде Аврамовски би ја продолжил својата кариера. Тој започна во Работнички, откаде играше како позајмен во Македонија ЃП. Потоа замина во Црвена звезда и играше уште за ОФК Београд, пред да премине во Олимпија Љубљана.