Заминете си на време, не чекајте да биде предоцна

Заминете си и од оние лоши моменти, пријателства, врски и односи, од лошите спомени, од луѓето кои ја уништуваат вашата енергија.
Не чекајте да биде предоцна.
Не ги чекајте да се премислат. Не верувајте дека само одеднаш ќе дојде подобро, поспокојно, попријатно време. Тоа не се случува преку ноќ. Не се надевајте без потреба, не ја трошете енергијата на нешто што нема потенцијал да успее. Ценете го својот живот повеќе од што го ценат другите. Заминете си ако некој го става својот живот над вашиот.


Но, не чекајте и не го трошете нивното време. Дајте им шанса да бидат среќни, не ги држете до себе само половично. Дозволете им да се движат во својот ритам, да бидат свои и најмногу од се, да бидат среќни.
Ако се разбирате со некоја личност, чувајте ја до себе. Танцувајте заеднички танц, во ист ритам.
Не се приморувајте да правите нешто што не ве прави среќни.
Отидете си навреме, додека не е предоцна. Додека не останат лоши спомени и лоши рани на вашата душа. Отидете си се додека не сте инфицирани со чувството на вина.
Не ги дозволувајте другите, не дозволувајте да бидете повредени.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.