Замрзнати руски пари во прашање – Путин нуди 1 милијарда долари на Комитетот за мир на Трамп

Руските резерви во САД би можеле да финансираат мир и обнова.

Помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков денес изјави дека за време на преговорите со САД, Русија изразила подготвеност да издвои 1 милијарда долари за Комитетот за мир во Газа, но од замрзнати руски средства.

Според него, преостанатите средства од замрзнатите руски резерви во САД би можеле да се искористат за реконструкција откако ќе се постигне мир.

Ушаков изјави дека дел од средствата од замрзнатите руски резерви би можеле да се искористат за обнова на териториите погодени од борбите по склучувањето на мировниот договор меѓу Русија и Украина, објави РИА Новости.

Тој додаде дека дискусиите за оваа тема ќе продолжат во рамките на билатералната руско-американска економска работна група.

Рускиот претседател Владимир Путин синоќа во Кремљ се сретна со специјалниот претставник на САД, Стивен Виткоф, и претприемачот и зет на американскиот претседател, Џаред Кушнер, а беше одлучено првиот состанок на трилатералната работна група Русија-САД-Украина за безбедносни прашања да се одржи денес во Абу Даби, објави претходно Ушаков.
The post Замрзнати руски пари во прашање – Путин нуди 1 милијарда долари на Комитетот за мир на Трамп appeared first on Во Центар.

Пронајдете не на следниве мрежи: