Занемарен витамин кој му е потребен на нашиот организам

Еден од неопходните витамини за здрав и нормален развој на нашиот организам е витаминот D3. Нашето тело воглавно го црпи од сончевите зраци. Меѓутоа, свеста за важноста на овој витамин, кај нас е многу ниска, а истражувањата покажаа дека милијарда луѓе ширум светот имаат проблеми со недостаток на витамин D3.
Овој витамин ни овозможува апсорбација на калциумот и има голема улога во формирањето на коските кај малите деца, а за здрави коски важен е и кај возрасните.

Со текот на времето се открило дека витаминот D3 има голема улога во развојот на клетките и мозочката и нервната функција. А се покажало дека внесување на витамин D3 како додаток во исхраната, делува ефективно во борба против автоимуните и онколошките болести.
Извор на овој витамин, кога се намирниците во прашање, можете да го пронајдете во рибата, морските плодови и жолчката од јајцето. 
Ако користите комбинација од магнезиум, калциум и витамин D3, како додаток во исхраната ќе си обезбедите комбинација од витамини и минерали кои совршено се надополнуваат.

Пронајдете не на следниве мрежи: