Со емитувањето на февруарското издание посветено на жените од руралните средини, Gostivarpress.mk ја заврши првата сезона од видео-емисијата „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“. Реализиравме осум емисии на различни теми што ја засегаат и се во интерес на јавноста, со акцент на предизвиците и проблемите на маргинализираните и ранливи групи, оние за кои вообичаено не се доволно застапени во медиумите. Со нашите гости од гостиварскиот регион, стручни лица, познавачи на состојбите и активисти имавме можност да зборувавме за образованието и младите, родовата еднаквост, наталитетот и иселувањето, состојбите со правата и можностите на лицата со попречености, како и за маките на дијабетичарите и пензионерите.
Со право оценуваме дека успешно продуциравме квалитетен серијал и видео-производ кој ќе остави свој белег во медиумскиот простор. Од особено значење е што сите емисиите имаат толкување на знаковен јазик, со што придонесуваме за повеќе соодветни информативни и дебатни содржини за глувите и наглуви лица. Како тим кој целосно се посветува на работата и публиката, сметаме дека со овие емисии Gostivarpress.mk ја надополни и продолжи мисијата за професионално, веродостојно и достапно информирање на сите граѓани.
Ви благодариме на довербата и ве потсетуваме дека серијалот може да го погледнете на нашите Јутуб и Телеграм канали или на веб страницата на порталот под категорија ВИДЕО ЕМИСИИ.
„МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ | Фејзи и Ѓурчиновска | ЖЕНИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ