Западот го победи Истокот, Крис Пол МВП

Екипата на Западната конференција, предводена од Крис Пол, забележа победа над екипата од истокот 143.138. на 62-то издание на ’Ол Стар’ натпреварот.

Западот, на мечот во Хјустон ја забележа третата последовна победа против колегите од Источната конференција. Титулата МВП, за најкорисен играч на натпреварот ја понесе плејмејкерот на ЛА Клиперс, Крис Пол, тој натпреварот го заврши со 20 поени, 15 асистенции и четири украдени топки. Кевин Дурент со 30 поени беше најефикасен играч кај екипата од западот. Истокот го предводеше Кармело Ентони со 26 поени, додека ѕвездите на Мајами Двејн Вејд и Леброн Џејмс постигнаа 21, односно 19 поени. 
Макфакс
Екипата на Западната конференција, предводена од Крис Пол, забележа победа над екипата од исто

Пронајдете не на следниве мрежи: