Запалена е куќа на поранешен заменик-началник во СВР Штип, потврдија за Инфомакс од СВР Штип.
– На 27.12.2024 во 00.09 часот во СВР Штип било пријавено дека настанал пожар во викенд куќа во место викано Суитлак, сопственост на А.А. (51) од Штип. Од страна на ТППЕ-Штип пожарот е изгаснат, појаснија од СВР Штип.
Засега нема информации кој и зошто би ја опожарил викенд-куќата.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.