Запалена слика на македонскиот премиер Груевски во Тирана

Активисти на Граѓанската партија во Тирана во понеделникот протестираа против македонските власти давајќи поддршка на демонстрантите Албанци во Скопје и  притоа ја запалија сликата на премиерот Никола Груевски, јави весникот „Shekulli“ .Истиот извор наведува дека групата на демонстранти побарале од македонските власти да превземаат законски мерки за заштита на децата Албанци и да одговараат оние кои вршат насилства врз Албанците.Воедно  на протестите е побарано албанската партија која е на власт да реагира ,а онаа која е во опозиција да не седи настрана и да гледа , туку да делува.На протестот според „Shekulli“ се нагласува дека „меѓународниот фактор треба да делува веднаш инаку ќе биде доцна“.Весникот „Shekulli“ истакнува дека раководителот на оваа партија  Таулант Цапа, кој инаку е од Дебар, пред неколку месеци фрли јајца врз автомобилот со кој се возеше премиерот  Груевски во Тирана.
MakфаксАктивисти на Граѓанската партија во Тирана во понеделникот протестираа против македонските власти давајќи поддршка на

Пронајдете не на следниве мрежи: