Запалено возило во близина на Клиничкиот центар

Утрово на улицата „Владимир Назор“ во близина на Гинеколошката клиника во Скопје, изби пожар во автомобил кој набргу беше изгаснат од страна на противпожарните тимови. Според информациите од Звонко Томевски, кој раководи со Противпожарната бригада на Град Скопје, на местото на настанот немаше повредени, но причинета е материјална штета. Пожарот беше пријавен во 09:55 часот, а на терен излегоа едно противпожарно возило и четири пожарникари за справување со ситуацијата.
The post Запалено возило во близина на Клиничкиот центар appeared first on 365.mk.

Пронајдете не на следниве мрежи: